Доцни влезот на трет мобилен оператор во земјава

Доцни влезот на трет мобилен оператор во земјава.

 |  Валентина Неловска  | 

Третиот мобилен оператор доцни со влез на македонскиот телкомуникациски пазар. Од Агенцијата за електронски комуникации AEK информираат дека има услови и пред услови за влез на нов мобилен оператор. Директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, вели направени се измени во регулативата, ослободена е фрекфенција и се остварени контакти со многу заинтересирани мобилни оператори, но сите тие чекаат поповoлна политичка клима во земјата, посочува Димитријоски.

„ Имавме остварено доста контакти имаше инетерсод оперaтори, сега не можам да кажам дека нема, но политичката ситуација во државата допринесе сето тоа да остане на чекање. На ова мора да гледаме како и на другите инвестиции. Луѓето сакаат да инвестираат во стабилни држави. Останува да видиме како ќе е во иднина“, подвлекува Димитријоски.

Засега нема можност да се укине роаминг услугата за разговорите на мобилни телефони во регионов. Склучени се договори за намалување на роаминг разговорите со БИХ, Србија и Црна Гора . Регулативата на ЕУ не дозволува земјите од регионот да го укинат роамингот, кажува Димитријоски.

„ На земјите кои не се членки на ЕУ не им е дозволено да го укинат. Тоа е меѓународна регулатива. Ова ние што сега го правиме е самоиницијативно и инсистираме на сукцесивно намалување на цените“, напоменува Димитријоски.

Со Албанија не е постигнат договор за намалување на цените за роаминг услугите. Тоа се должи на непостигнување на договор помеѓу државата и нивните мобилни оператори кои не се откажуваат од огромните приоходи од роаминг услугите, кажува Димитријоски.

Охрид е домаќин на меѓународна регулаторна конференција за  електронски комуникации и  за управување со интернет. На дводневната конференција ќе се дискутира за проблемите во оваа сфера.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top