Добриот глас надалеку се слуша-Охридскиот хор оди во Босна

Охридскиот хор ќе учествува на фестивалот во хорско пеење во Приједор.

 |  Мишел Наумоски  | 
хор
хор

Овојпат охридското хорско пеење ќе се слушне дури до Босна и Херцеговина. Охридскиот хор ќе учествува на фестивалот во хорско пеење во Приједор. Охридските хористи за Босна ќе патуваат со финансиска подршка од Локалната самоуправа.

Охридскиот хор-последен војник во борбата за зачувување на оваа ретка уметност. Охридското хорско пеење овојпат ќе се презентира во Босна и Херцеговина, а истовремено ќе го претстави и нашиот град. Охридскиот хор активно се подготвува за овој фестивал кој покрај промотивниот, има и натпреварувачки карактер.

prof Dimoski„На фестивалот Златна вила кој се одржува во Приједор-Босна и Херцеговина оваа година ќе земат учество девет хорови, сите од различни земји, значи девет земји. Ние ќе го претставуваме Охрид и Македонија во најдобро можно светло, значи даваме се од себе да бидеме на што повисоко ниво. На фестивалот учествуваме на предлог на нашиот градоначалник, сите средства, сите финансии поврзани со ова патување се покриваат од нашата општина.“- рече Проф. Александар Димоски-Диригент на Охридскиот хор

Професорот Димоски додаде дека тие пред се се надеваат на одличен пласман, но и дека ќе успеат и да се одморат и да прошетаат низ Приједор бидејќи ова за нив ќе биде прв настап во Босна.

„Ќе воспоставиме контакт со други хорови, таму ќе го претставиме Охрид и Охридскиот хорски фестивал. Се надеваме некои од хоровите кои таму учествуваат ќе успееме да договориме да учествуваат кај нас и се разбира тоа ќе е едно добро искуство, да научиме, да видиме нов репертоар. Инаку ќе се претставиме со македонско оперско творештво.“-додава Професорот Димоски

Основна грижа на Охридскиот хор се финансиите. Професорот Димоски вели дека се благодарни за подршката која ја добиваат од локалната, но додаде и дека е потребно вклучување и на пошироката охридска јавност.

Хорскиот фестивал во Босна ќе трае од 12ти до 15ти Мај, но натпреварувачкиот дел ќе се одвива на 13ти и 14ти Мај. Сите оние кои што се заинтересирани и сметаат дека располагаат со талент, можат да се пријават во вторник и четврток во 19 и 30 часот кога и се одржуваат нивните проби во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев“

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top