Преку детска игра до хуманост

Младите охриѓани ја покажаа својата хуманост. Тие преку игра и забава им овозможија на децата од социјално загрозените семејства посреќно детство

 |  Јаковлева Лионела  | 
deca
деца

Денес градскиот плоштад беше едно големо игралиште. Се играше шах, пикадо, баскет, мал фудбал, одбојка, не лути се човеку и многу други спортски и едукативни содржини. Ова беше дел од акцијата на Црвениот крст од Охрид, „За посреќно детство“. Секој што купи учеснички број за акцијата, кој чинеше 30 ден. можеше да се натпреварува во повеќе спортските дисциплини. Емилија Цветаноска ја покажа својата хуманост купувајќи талонче и натпреварувајќи се во скокање со јаже во што освои прво место и вртење хулахоп на нога за што беше втора.

Мило ми е што учествував во оваа акција и им порачувам на моите врсници догодина и тие да учествуваат бидејќи на тој начин ќе му помогнат на некое дете, а и ќе се забавуваат, вели Цветаноскаslikari

Целта на акцијата е промовирање на спортскиот дух меѓу младите преку нивно учество во различни спортско-рекреативни содржини, како и подигање на свеста кај нашите сограѓани за солидарност и хуманост. Весна Терзиоска, потпредседателот на ЦК на Охрид рече дека сите средства кои ќе се соберат ќе бидат наменети за децата од социјално загроземите семејства.

 Акцијата ја проследија голем број граѓани кои буквално уживаа во се она што можеше да се види.

Инаку ова е традиционална акција која се одржува по четврти пат. Наредната година во соработка со Медицинскиот центар Св. Ѓорѓија и стоматолошката ординација Д-р Баткоски, во рамките на оваа акција ќе бидат доделени десет бесплатни стоматолошки прегледи за социјално загрозените семејства од Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top