ДЕНОВИ НА БАЛКАНСКАТА КУЛТУРА, ТРАДИЦИЈА И УМЕТНОСТ ВО ОХРИД

Вчеравечер на летната сцена „Долни Сарај“ по четврти пат се одржа Интернационалниот фестивал „Денови на Балканската култура, традиција и уметност во Охрид“ поддржан од општината Охрид и Амбасадата на Бугарија во Република Македонијa. На настанот присуствуваше и свое обраќање имаше градоначалникот Константин Георгиески.

 |   | 

Вчеравечер на летната сцена „Долни Сарај“ по четврти пат се одржа Интернационалниот фестивал „Денови на Балканската култура, традиција и уметност во Охрид“ поддржан од општината Охрид и Амбасадата на Бугарија во Република Македонијa.

На настанот присуствуваше и свое обраќање имаше градоначалникот Константин Георгиески.

Ми претставува особена чест и задоволство, во мое лично име и во името на Локалната самоуправа да ве поздравам и да го означам почетокот на овој културен настан, кој има за цел да ги поврзе и обедини балканските народи, во насока на зачувување и негување на нематеријалното културно наследство.

Ова е една исклучителна можност на едно место, преку креативна сценска програма на отворено, да се видат и да се почувствуваат традицијата и фолклорот кои се негуваат со голема љубов и посветеност.

Особено не радува фактот што Охрид како најважен духовен и културен центар во нашата држава е домаќин на голем број слични културни манифестации, кои ја збогатуваат туристичката понуда на градот и го привлекуваат вниманието на гостите.

Би сакал да упатам благодарност до организаторите на оваа културна манифестација и до Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија, како главен поддржувач на нејзиното одржување.

Охрид е надалеку познат по својата убавина, ова е град кој претставува своевиден бисер не само за нашата држава туку и за целиот свет, па затоа неговото природно и културно богатство е под закрила на УНЕСКО.

Охрид е една жива разгледница и вистинска привилегија е можноста да се доживеат сите негови убавини. Затоа ве поканувам, вашиот престој тука да го искористите за посета на впечатливите културни знаменитости и да уживате во сите природни убавини на нашиот град, рече Георгиески во обраќањето пред присутните.-истакна Георгиески во своето обраќање.

Во рамки на програмата беа презентирани повеќе културни обичаи преку традиционалните народни игри на балкански друштва од Албанија, Бугарија и Северна Македонија.

Културниот настан е во организација на Здружението за култура и уметност „Артвивенди“ од Охрид и е дел од проектот „Зачувување на нематеријалното културно наследство“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top