Денес се слави Божиќ

Христијанските празници го осветуваат времето. Денес е Божиќ, Христовото рождество, празник кој претставува темел врз кој е изградено севкупното христијанско празнување. Нека ни е за многу години.

 |  Николоска Биљана  | 

 

„Денес Христос се раѓа во Витлеем од Дева;
Денес Беспочетниот влегува во времето,
и Словото се воплотува. Небесните сили
се радуваат, и земјата со луѓето се веселат“. Денес се слави Божиќ. Православните христијани денеска го одбележуваат Рождеството Христово. Суштината на Божиќ е во љубовта, простувањето и милосрдието, а не во формата, која секако е одраз на суштината, но која ништо не значи доколку не го шири духот на љубовта и милосрдието, вели отец Димче Азески. Тој забележува дека од година во година се отргнуваат обичаите кои не се вкоренети длабоко во православната традиција и учењето на црквата.

„Обичај е она што треба сите да се трудиме да се подготвиме преку постот, молитвата и исповедта и да учествуваме на богослужбите и на тој начин со тој благодатен оган да се топлиме и озаруваме, а не со огновите кои се палат надвор а кои што едноставно треба да се потрудиме да останат во минатото а токму оној благодатен оган кој не осветлува и грее постојано во животот ќе го добиеме ако активно живееме во црквата и на тој начин се насладуваме со сите благодети што Бог ни ги дарува“.

Верниците кои го посетија Божјиот храм Каменско потсетуваат на традицијата која тие ја почитуваат по повод денешниот ден.

„Бидејќи ние сме помлади како што е адетот одиме на гости кај бабата и дедото, вечерва со свечена трпеза а утре богат мрсен ручек така ги дочекуваме овие Божиќни празници

Празникот на Христовото раѓање Божиќ е мајка на сите празници и темел врз кој е изградено севкупното христијанско празнување. Тој е настан и празник на исполнетите очекувања, копнежи и надежи на човечкиот род. Без Божик немаше да има ни Велигден ни Духовден. Па и светителските празници би биле невозможни без денешниов празник. Чествувајќи ги светителите, Црквата, всушност, ја прославува тајната на Божјото вочовечување, бидејќи тие во својот живот ја исполниле целта на Христовото раѓање: „Бог стана човек, за да му овозможи на човекот да се обожи“ (св. Атанасиј Велики). Покрај ова, празниците имаат и една друга карактеристика – да го осветуваат времето! Нивната величина е и во тоа што на чудесен начин, настанот на спасението го прават повторно присутен и стварен. Честит Божик и благословено Новото Лето Господово! Христос се роди!

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top