Денес во Проаква се дели плата

Вработените на МЈП Проаква веќе 4 месеци одат на работа без пари.

 |  Николовска Биљана  | 
logo
лого

Вработените на МЈП Проаква веќе 4 месеци одат на работа без пари. Првиот човек на ова меѓуопштинско претпријатие Бранислав Трпчевски  објаснува зошто дошло до оваа состојба.

Бранислав ТрпческиГолем број вработени во МЈП Проаква, на нашиот портал се пожалија на заостанати лични доходи. Во ова претпријатие плата имаат замено заклучно со втори месец годинава. Вработени во МЈП Проаква зад камрата на ТВМ велат дека финансиски сосема се исцрпени и додаваат дека неможат да сврзат крај со крај во месецот. Посебно се загрозени семејставта кај кои и двата сопружници работат во ова меѓуопштинско претпријатие. Без пари секој ден претставува продолжување на нивната агонија.

Директорот на МЈП Проаква Бранислав Трпчевски,  вели дека сосема го разбира револтот на вработените. Тој секојдневно е во тесна комуникација со дел од раководниот кадар со цел да изнајдат соодветно решение.
Исплатата на сезонските работници, кои се ангажирани во теков на летнава сезона, ќе падне на товар на Локалната самоуправа вели Трпчевски, и додава дека тоа е така поради долгот кој го има Локалната кон Проаква.

Според најавите на Трпчевски, денес вработените ќе земат личен доход за месец март. Октомври е крајниот рок кога се очекува комплетна нормализација на состојбите околу платите во Проаква, за што двете локални имаат изработено и пакет мерки за излез од состојбата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top