panoski

Ден на реката Црн Дрим

panoskiПет земји кои ги поврзува проектот Дримски басен,  5 ти мај го одбраа за Ден на реката Црн Дрим. Овој проект е од суштинско значење бидејќи ќе донесе многу придобивки за регионот, посебно за жителите кои гравитираат покрај басенот, вели Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат.

panoskiОд годинава ќе почне одбележувањето на Денот на реката Црн Дрим. Одлука била донесена од страна на Дрим КОР – групата, а одбележувањето ќе биде на 5 ти Мај. Последниве 6 години интензивно се работеше на добивање на проект за управување со басенот на реката Црн Дрим. Проектот беше одобрен во 2012 година од страна на Глобалениот Еколошки Фонд, за да во 2013 се отпочне со негова имплементација. Дејан Паноски нагласи дека од проектот Дримски базен економски бенефит ќе имаат граѓаните кои што живеат крај басенот, бидејќи ќе се спроведуваат многу пилот проекти и работа на терен.

„Од еден ваков проект ќе има корист еколошката состојба затоа што ќе се направи план за управување со Дримскиот басен во тој период и план кој всушност ќе треба да направи еден вид заштита од можни појави поплави, суши, на кои што сме сведоци изминатиов период меѓу кои и зависноста на нивото на Охриодскот Езеро од тие промени. Исто така ќе има и социјални бенефити кои ќе се изразат преку заедничко дружење и заедничка акција  на сите сектори кои што ќе бидат инволвирани во проектот“– вели Паноски.

drim strugaЕколошкото Друштво „Грашница“ ја доби задачата да го организира и спроведе одбележувањето на Денот на реката Црн Дрим, со финансиска поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка.
Концептот на настанот е од забавен и едукативен карактер нагласува Ѓоко Зороски од ЕД „Грашница“.

„Ќе вклучува активности како што се Еколошки театар значи имаме група на актери кои што ќе изведат претстава на тема „Климатските промени. Освен театарот имаме и музички групи од мултиетнички карактер – објаснува Зороски.

Одбележувањето на Денот на реката Црн Дрим годинава ќе биде на 10 мај поради тоа што 5 ти мај е работен ден. Настанот почнува во 11 часот на брегот на реката, пред платото на Домот за култура во Струга. Предвидена била 7 часовна програма која што ќе ја анимира присутната публика. Исто така настанот има прекуграничен карактер со учество на педесетина гости од Подградец, Албанија. Како што е познато во проектот Дримски басен вклучени се пет земји, Македонија, Албанија Грција, Црна Гора и Косово.

{loadposition content9}

 

басен, басенот, била, годинава, Дејан, ден, денот, Дрим, дримски, карактер, кои, настанот, одбележувањето, Паноски, план, проект, проектот, реката, страна, Црн

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top