Децата од градинката Јасна Ристеска ја поздравија пролетта

Дечињата од градинката Јасна Ристеска го одбележија првиот пролетен ден.

 |   | 

Дечињата од градинката Јасна Ристеска го одбележија првиот пролетен ден. Иако пролетта годинава започна врнежливо и тмурно сепак најмалите охриѓанчиња внесоа топлина со своите костими и игри. Поради временските прилики изостана дефилето на градскиот плоштад но првиот пролеттен ден беше одбележан во сите клонови на градинката. Облечени во пригодни маски на пеперутки, цвеќиња, сонце,буба мари во програмата учествуваа дечиња на возраст од 4 до 6 години и ова е најубав начин тие да научат што е пролет, како се буди природата, растенијата, животните, инсектите. Програмата ја следеа голем број родители, баби и дедовци, братчиња и сестричиња, кои уживаа како нивните најмили танцуваат и пеат, прикажувајќи што научиле од своите наставнички во градинките каде што престојуваат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top