Децата низ жанровите на музиката, приредба на најмладите охриѓанчиња

Одбележан патрониот празник на детската градинка „Јасна Ристеска“. Синоќа во СРЦ „Билјанини извори“ се одржа најголемиот настан во нашиот град кој го приредуваат неговите најмали жители.

 |  Николоска Биљана  | 

Под мотото „Децата низ жанровите на музиката“, синоќа во СРЦ „Билјанини извори“, најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ го прославија својот патронен празник 7 ми ноември. Со песни, музичко ритмички изведби, ора, дечињата се претставија пред присутните и покажаа како со песна и игра го поминуваат нивниот престој во градинката. Директорката на градинката Розе Костеска во оваа пригода истакна дека рерализирале бројни проекти, активности и оценува дека годинава што изминува била успешна. Таа потенцираше дека установата ја исполнувала основнта цел на нејзиното постоење, односно на најмладата генерација да и овозможи услови за здраво и среќно детство, за оптимален физички, интелектуален, емоционален, социјален и морален развој и да создаде основа за понатамошно успешно воспитување и образование, користејќи ја играта како основен метод на работа.
Најмладите ги поздрави и градоначалникот на општина Охрид, проф. Јован Стојаноски. Тој рече дека чест е да се биде меѓу најмладите во салата исполнета со детски жагор, среќа и креативност. Им посака уште многу успеси и јубилеи и што повеќе дечиња да ја почуствуваат убавината на престојот, дружењето и воспитувањето кое што го пружа градинката. Стојаноски со емоции пренесе дека, човек не може да остане рамнодушен од атмосферата во која, татковците и мајките кои како деца биле во оваа градинка, вечерва како родители се дојдени да ги погледаат и да се радуваат на креативните настапи на своите синови и ќерки.

Инаку, синоќа присутните со уживање ја следеа богатата програма, а бурните аплаузи за време на целата приредба беа награда за одличната изведба на дечињата.

Први настапија децата од големата група 1 од објектот „Развигорче“, кои публиката ја разнежнија со музичката точка „Нежност“. Веднаш после нив албанската група од објектот Росица заиграа на „Роке мандолина“. „Мојот свет“ беше музичка точка со која се претставија децата од големата група од објектот Лихнида, а на музиката „Султан“, не потсетија децата од турската група од објектот Росица.

Децата од групата во „Радојца Новичиќ“ не вратија на минатото со животот и музиката на „Моме оди на вода“, а децата од големата група на објектот Билјана се претставија со музичката точка „Ледена“. Децата од големата група од Развигорче играа на музиката од песната „Дал да плачам ил да пеам“, а нивните другарчиња од објектот на Централната градинка танцуваа на големиот хит кој до ден денес се потпевнува „На 2, 2, 3 – 3, 0, 5.

Со „Дајте хип- хоп“, се претставија децата од голема група 2 од објектот Лихнида, а прекрасна кореографија на песничката „Кап – Кап“ имаа децата од групата во Лескоец. Децата од групата од Велгошти пак порачаа „Отвори уши и слушај“ а децата од голема група од објектот Росица на публиката и приредија вистинско уживање со изведба на народната песна „Твојте очи Лено Мори“.

А ако крајот го краси делото, вистинско изненадување беше гостинот на вечерта, познатиот пеач Даниел Кајмакоски кој лично ја отпеа песната „Секој“ а на неа играат децата од голема група 2 од Централна.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top