„Децата на Марија“, нова книга која Култура 365 ја подарува на охридските читатели

Овој роман на познатиот струшки писател, Петко Шипинкаровски побуди голем интерес кај охриѓани кои денес имаа можност и да се сретнат со авторот и да добијат книга со негова посвета.

 |  Мишел Наумоски  | 
roman Sipinkarovski
роман Шипинкаровски

Култура 365 во акцијата „Недела на книгата“ на охриѓани им го подарува романот „Децата на Марија“. Оваа книга е дел од творечкиот опус на познатиот струшки писател, Петко Шипинкаровски. Овој роман е второ четиво кое Шипинкаровски го напишал од областа на историјата.

Decata na MarijaРоманот го обработува периодот околу Првата светска војна, а дејствието е сместено во Мариово, за време на протерувањето на македонското население од селата и неговиот егзодус во Мегленско, Тиквешко и Битолските краишта.

„Децата на Марија е вистинска приказна за едно семејство, конкретно од едно од тие села, истерани, кои што се засолнале во одредени краишта во тиквешијата, таму каде што остануваат 3-4 години, но прикажан е животот во бегство на тоа население, но после тоа и судбината која некој пат знае човека да го зафати и да си поигра со него, и лично со него, но и пошироко со семејството.“-рече авторот Петко Шипинкаровски.

nedela na knigataШипинкаровски проговори и за акцијата „Недела на книгата“. Тој вели дека неговата соработка со „Култура 365“ влечи корени од многу порано и дека ваквите акции се вистинска реткост.

„Сигурен сум дека оваа акција навистина заслужува внимание. Ретка е, ретко на просторите на Македонија, да им се овозможи на читателите на најлесен начин да пристапат, да дојдат до едно дело од авторите. Сум имал можност да доаѓам овде и во други наврати, кога биле и други автори и некои книги веќе ги имам на мое задоволство кај мене.“-вели Шипинкаровски.

Инаку Петко Шипинкаровски е писател, поет, раскажувач, публицист, литературен критичар и есеист. Негови дела се: романите „Откорнати души“, „Петра“, „Црна љубов“, „Дабјак“, „Златните обетки за Марија“ и „Децата на Марија“; збирката раскази „Залезнина“ како и романизираните монографии „Кога тргнав Цвето во тугина“ и „Струшки сведоштва“, потоа монодрамата „Духот на војводата“ , поетските збирки „Седело на орлица“, „Бели ветрови“, „Злоуми“ и „Бели утра“ како и книгата „Рудолф Арчибалт Рајс за Македонија и Македонците“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top