• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Дали изградбата на ски центар е паравн за приватни инвеститори да градат луксузни хотели во НП Галичица ?

Дали изградбата на ски центар е паравн за приватни инвеститори да градат луксузни хотели во НП Галичица ?

Дали  изградбата на ски центар е параван за  приватни инвеститори да градат луксузни хотели во НП  „Галичица“?

 |  Валентина Неловска  | 
rasprava

Охриѓанецот Антонио Додевски, активист за зачувување на националниот парк, алпинист и лиценциран водич на планина, еден од учесниците  во вчерашната емисија „99%“,  се сомнева во оправданста за реализирање на владините проекти во НП Галичица. Тој смета дека проектот за ски центрот е само параван за протуркување на изградба на 6 високо луксузни хотели и 33 вили на двете локации – Горно Велестово  и Авто кампот Градиште. Според проектот, само  24% од предвидените средства за изгрдаба  на ски центарот се наменети  за вкупната  инфраструктура –  големата гондола, 7-те жичари и сите паркинг простори, додека останатите 76% се за изградба на луксузните хотели. За изградба на сместувачките капацитети ќе биде распишан меѓународен тендер и со влегување на приватен капитал, кој ќе стопанисува со овие објекти, се губи оправданоста дека проектот е од поширок  јавен интерес.  

galicica„ Само 15 км се скијачките  патеки. Гондолата од Горно Пештани до врвот каде што ќе има ресторан ќе има жичара, а другите се мали ски лифтови и  се 7. Должината на патеката е толку минорна во споредба со потребите на скијачите и споредено со другите Балкански центри  што укажува дека ски цнетарот е само наслов кој ќе обезбеди маска зад која се крие јавнен и општ интерес за граѓаните  на Охрид“, смета   Додовски.

Додовски не само што смета дека ски центарот е параван за изградба на висока категорија на хотелски комплекс, туку и изградбата на самиот експресен пат е во функција на истиот. Тоа го поткрепува со фактот што мастер планот за експресниот пат е  изработен само до Градиште, а од албанска страна воопшто не се предвидува спојување на тој пат со автопат во Албанија. Од друга страна, Додовски смета дека локалното населние нема да има апсолтуно никаков бенефит од овој екпресен пат.  

„ Прво најмногу страда населението од Пештани, ќе им се одземе приватно земјиште. Експресниот пат за пештанци ќе значат и дополнителни километри, а ќе го користат стариот пат.  Сето ова ако го видиме како слика  експресниот пат кој го заобиколува Охрид ќе завршува кај Пештани, кај т.н ски центар, хотелите и вилите. Тоа укажува дека туристите кои ќе доаѓаат да ги користат благодетите во новата  атрактивна туристичка зона  нема да го посетат Охрид , а најзасегнато ќе е локланото населени кое живее од издавање соби, а има и хотел од 500 легла кој е затворен во зима“, објаснува Додовски.

Досега сите влади го највуваа градењето на ски центарот како можност за заживување на туристичките капацитети во зима. Но , од досега приложеното Додовски смета дека   ефектот ќе е сосема спротивен.

„Ќе се навратам на романтичарските идеи од минатото кога многу  политичари овој проект го  најавуваа како продолжување на сезоната  и на сите хотелски капацитети во зима  да бидат отворени и да се конкурентни во зимскиот период“, појаснува Додовски.  

Досега ниту владата, ниту Министерството за транспорт и   врски не покажаа интерес да им ги  објаснат на граѓаните предвидените проекти, ниту пак да дадат одговор на сите нејаснотии кои произлегуваат од мастер планот, планираните промени во планот за управување со НП Галичица, како и останатите релевантни материјали достапни на јавноста.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top