Д-р Лазороска: Денес стоматологијата е безболна

Одењето на забар за многумина претставува стрес, па затоа ја оставаат устата без потребната стоматолошка нега. Сепак за правилната орална хигиена и посетата на забар децата се учат од мали нозе, за да ја задржат навиката, здравјето, но и да научат дека забите и насмевката се најубавиот декор кај човекот. Денес 20 ти март се одбележува Светскиот ден на оралното здравје.

 |  Николоска Биљана  | 

Мал е бројот на охриѓани кои одат на забар превентивно. Страв од заболекар, неинформираност или едноставно лоша дентална навика, се само дел од причините поради тоа. Граѓаните стоматолошките ординации често ги посетуваат кога ќе почувствуваат болка, велат стоматоозите. Тие сметаат дека потребна е едукација за заштитата на забите уште во најрана возраст, кога се стекнуваат поголем дел од животните навики. Др Јана Лазороска, која работи во оргинацијата „ д-р Јолевски“ вели дека состојбата со оралното здравје во Охрид не е на задоволително ниво но полека се подига јавната свест за потребата од стоматолог.

„Секоја чест на исклучоците кои на секои 6 месеци или на година дена доаѓаат на контрола, но за жал кај нас најчесто навиките се такви, штом има болка се јавуваат на стоматолог. Теоретски грижата за оралното здравје започнува со никнување на првиот заб, но кај дечињата потешко се одржува хигиената и посетата на стоматолог е веќе од 4 тата година е изводлива …ако е тешко да се воспостави соработка детските специјалисти по детска стоматологија си ја преземаат одговорноста“.

Денес кога се одбележува Светскиот ден на оралното здравје, стоматолозите се фалат дека работат во современи услови, технички и технолошки ги следат современите светски стандарди.

„Денес стоматологијата е комплетно безболна, секоја интервенција се работи под анестезија, така што нема потреба од оној страв што постои кај пациентите. Нашата ординација е опремена со најсовремена апаратура од дигиален ренген до секаков вид ласери што ни се потребни за интервенција“.

Лазороска нагласува дека кариесот сеуште е најприсутна појава кај граѓаните и препорачува редовно четкање на забите после секој оброк бидејќи само со тоа може да се воспостави посакуваниот ефект. Во стоматолошката ординација има 12 вработени кои секојдневно извршуваат во просек по 60 стоматолошки интервенции .

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top