„Цветни балкони – Цветен Охрид“

Во текот на неделата на животната средина, предвидено е повторно да се реализира проектот, “Цветни балкони – Цветен Охрид“, во чии рамки ќе бидат поделени 300 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Момчило Јорданоски“, „Марко Цепенков“ од пресекот кај Стобекс до кружниот тек кај болницата, ул. „Вангел Николоски“, ул. „Дебарца“, ул. „Александар Гушо“, ул.„Трајче Дојчиноски“, ул „1-ви Мај“, ул. „1-ва Македонска ударна бригада“ од пресекот со ул. „ Питу Гули “ до Стобекс.

 |  Голабовски Крсте  | 
цвекја
cvekja

cvekjaВо текот на неделата на животната средина, предвидено е повторно да се реализира проектот, “Цветни балкони – Цветен Охрид“, во чии рамки ќе бидат поделени 300 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Момчило Јорданоски“, „Марко Цепенков“ од пресекот кај Стобекс до кружниот тек кај болницата, ул. „Вангел Николоски“, ул. „Дебарца“, ул. „Александар Гушо“, ул.„Трајче Дојчиноски“, ул „1-ви Мај“, ул. „1-ва Македонска ударна бригада“ од пресекот со ул. „ Питу Гули “ до Стобекс.

Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за  жардиниери со цвеќе, можат да се пријават утре, од 12 до 15ч во Одделението за заштита и влијание на животната средина, соба бр. 54, во Општина Охрид.

Делењето на цвеќињата ќе се изврши во расадникот на ЈП Комуналец на 4ти и 5ти јуни, од 10 до 13 часот. Граѓаните од горе споменатите улици кои претходно се запишале на список во Општина Охрид, цвеќето ќе можат да го подигнат со лични документи за идентификација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top