Цвеќе, прегратка и убави зборови за жените телесни инвалиди

Преставниците на локалната самоуправа им го честитаа 8ми март на жените телесни инвалиди, членки на здружението „Мобилност“. Тие им ветија дека во рамките на можностите ќе направат се за да им се олесни животот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Со цвеќе, прегратка и убави зборови преставниците на локалната самоуправа им го честитаа 8ми март на жените телесни инвалиди, членки на здружението „Мобилност“. Заменик градончалникот Ангел Јанев рече дека ваквите средби им преставуваат задоволство и дека се трудат тие да бидат почести и не само по повод на некој празник. Јанев рече дека локалната и Градоначалникот Никола Бакрачески посебно внимание посветуваат на лицата со инвалидитет и се трудат во рамки на нивните можности да им го олеснат животот.

Ние правиме напори да реализираме што повеќе проекти кои се во корист на лицата со инвалидитет. Сериозно се залагаме да ја оствариме нивната годишна програма. Постојано контактираме и изнаоѓаме заеднички решениа за проблемите, вели Јанев.

Во вака тешките економски услови не е воопшто лесно да се биде жена инвалид, велат припадничките на понежниот пол. Тие имаат многу желби и потреби за да си го олеснат животот. Сепак најголема подршка им е семејството, а дополнителна сила им даваат и дружбите со останатите членови од здружението „Мобилност“.

Мене многу ми помага сопругот. Сама не сум во можност да ги извршувам домашните обврски. Најмногу посакувам да ме служи здравјето и понатаму да бидам сакана и почитувана како и досега. 8Ми март е само еден ден, а внимание треба да се пружа во текот на целата година, вели Трајанка Лекоска.

На своите членки 8ми март им го честита и претседателот на здружението „Мобилност“, Венко Голабоски.

Посакувам да имате многу здравје среќе и убави моменти. Секој ден нека ви биде како овој. Да бидете опкружени со вашите најмили, а ние како здружение и понатаму ќе се бириме институциите да ни го дадат потребниот третман, рече Голабоски.

Инаку Венко Голабоски денес го прослави и својот 60ти роденден. Тој со членките од здружението заедно ги дувна роденденските свеќи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top