Црвен крст Охрид објави повик за обука за спасители на отворени води

За потребите на Центарот за безбедност на вода, Црвен крст Охрид објавува повик за обука за спасители на отворени води.

 |   | 

Црвен крст Охрид, за потребите на Центарот за безбедност на вода објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води. Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира во втората половина на месец јуни 2021 година.

Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:

– Да се на возраст од 18 до 35 години ( да достават соодветен доказ, извод на родени, лична карта)
– Да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт
– Да обезбедат и достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа

Повикот трае од 20-ти мај до 15-ти јуни 2021 година, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 52, Охрид, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, на телефоните 046/261-909 и 070/315-309 или со пополнување на пријавата на линкот.

На сите кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода, Црвен крст Охрид ќе им обезбеди и понуди платен ангажман на соодветни капалишта во летната сезона 2021.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top