• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Битолската болница е со полни капацитети, болницата во Охрид ќе ги прифаќа заболените од COVID-19

Битолската болница е со полни капацитети, болницата во Охрид ќе ги прифаќа заболените од COVID-19

Бидејќи во Клиничката болница во Битола нема повеќе слободни места, од денес пациентите од овој регион ќе се хоспитализираат во болницата во Охрид, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство во Владата на Република Македонија д-р Венко Филипче.

 |   | 

Министерот подвлече дека, охридската болница има план, слободни кревети и доволен број респираторни машини, доколку тоа биде потребно.

„Во овој момент, ниту една јавно-здравствена установа не е во ризик“, посoчи министерот Филипче на денешната прес конференција.

Тој истакна дека според него нема потреба од продолжување на вонредната состојба.

Инаку досега 12 луѓе во Охрид се заразиле со коронавирус на семејна прослава на која околу 200 лица славеле раѓање на бебе, а преку 40 се ставени во самоизолација.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top