„Codefest“ по трет пат

Под мотото „Истрага на местото на кодирањето“ на 18 и 19 април во Охрид ќе се одржи третото издание на програмерскиот маратон„Codefest“.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

Под мотото „Истрага на местото на кодирањето“ на 18 и 19 април во Охрид ќе се одржи третото издание на програмерскиот маратон„Codefest“.

КОДФЕСТОрганизатори на настанот се студенти и дипломци на од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, кои по своја идеја и иницијатива започнаа да го организираат овој настан, Во 2013 година настанот го привлече вниманието на 70 учесници, лани имаше 140 учесници во 22 тимови, а интересот за годинава е двојно поголем, информираат организаторите.

Маратонското програмирање на Codefest трае 32 непрекинати часови во текот на кои тимовите работат на развивање на демо продукти базирани на креативни и иновативни идеи. Истакнати професионалци од ИТ, крeативни и бизнис области од Македонија и странство се вклучуваат во настанот во улога на ментори и жири, и им помагаат на учесниците во реализацијата на своите прототипи.

Од друга страна, на Codefest се вклучуваат и компании од ИТ и бизнис секторот, со цел да го поддржат настанот и истовремено да ги запознаат младите таленти и да им понудат можности за вработување или поддршка на нивните проекти, а истовремено и да покажат општествена одговорност. Голем број на компании, национални и интернационални, се вклучени во реализацијата на Codefest 2015, како Vedel IT, Arvixe, Telerik, DomainME, GitHub, Pluralsight, конференцијата SparkMe и уште многу други.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top