• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ЧЕСТИТКА НА В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ДО ПРИПАДНИЦИТЕ НА СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВЕТИ САВА

ЧЕСТИТКА НА В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ДО ПРИПАДНИЦИТЕ НА СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВЕТИ САВА

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница.

 |   | 

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница.

– Во името на сите жители на општина Охрид и во мое лично име Ви упатувам искрени честитки и посакувам овој празник да го поминете во мир, семејна среќа, благосостојба и добра мисла.

Денот на првиот српски архиепископ, е можност да потенцираме дека српската заедница како нераскинлив дел од градот заедно со другите заедници активно придонесува кон соживотот во нашето општество. Свети Сава со своето дело оставил значајна трага во развојот и растот на српската заедница која со особено почитување и внимание го празнува овој ден. Тој со својата просветителска дејност, остави трајни вредности кои ги надминуваат сите етнички рамки, служејќи како пример за сите заедници кои живеат на овие простори.

Нека неговото дело и вредностите, и понатаму бидат духовна и културна крепост и поттик за Ваш придонес кон градењето на подобра општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top