• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ДО СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВ.САВА

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ДО СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВ.САВА

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка до српската заедница и до останатите припадници од православна вероисповед што го празнуваат големиот христијански празник Св. Сава.

 |   | 

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка до српската заедница и до останатите припадници од православна вероисповед што го празнуваат големиот христијански празник Св. Сава.

-Дозволете ми, на сите припадници на српската заедница во Охрид и во Република Северна Македонија да им го честитам празникот посветен на големиот просветител, Св. Сава.

Посакувам овој ден да ви помине во добро здравје и убаво расположение во кругот на семејството. Негово одбележување е придонес кон почитување на различните културни особености на сите заедници во нашето општество. Само така создаваме традиција на негување на меѓусебните односи и почитување на различностите.

Српската задница е значаен дел од нашето општество и придонесува во целокупниот општествен, економски и политички развој на нашава земја. Уверен сум дека со меѓусебно разбирање и почитување ќе продолжиме да градиме напредна и развиена држава која се стреми да биде дел од Европското семејство.

Честитајќи Ви го празникот, ви посакувам добро празнично расположение, здравје, среќа и бериќет– стои во честитката на градоначалникот Георгиески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top