Центарот за јавно здравје овој месец ќе дејствува против глодаритe

Центарот за јавно здравје овој месец  ќе дејствува против глодаритe.

 |  Валентина Неловска  | 

Центарот за јавно здравје овој месец ќе продолжи со системска дератизација. Тоа е една од мерките за заштита на населението од заразни болести од глодарите, информира д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. Со пролетната дератизација што ќе ја спроведуваат наскоро, ќе бидат опфатени 3000 шахти во разни делови од градот. Епидемилогот појаснува зошто претежно во стариот дел од градот  се јавуваат стаорци и покрај континуираната дератизацијата која се прави.  

„Во Охрид многу се гради и се уништуваат леглата на глодарите. Им се уништуваат живеалиштата па тие ги напуштаат и се населуваат во соседните куќи. Друг фактор е хигиената која треба да биде на повисоко ниво“, подвлекува С. Коровешоска.
Епидемилогот препорачува доколку и покрај третманот на дератзиација на глодарите жителите забележаат стаорци во нивните подруми веднаш да се обратат во нивниот центар.

„Не е дозволено самите да поставуваат отрови, а механички може да се справуваат со поставување на лепаци или стапици. Тоа се применува кај глувците, но не и кај стаорците. Затоа предлагаме да ги исконтактираат нашите служби“ препорачува С.Коровешоска.
Во општина Охрид со дератизацијата се опфаќаат градските шахти два пати во годината. Нивните служби според акциониот план за дератизација истата ја спроведуваат во есен од октомври до ноември и во пролет од март до месец мај.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top