Булеварот Железничка е една од најопасните сообраќајници во градот

Секојдневно се случуваат сообраќајни несреќи, информираат од секторот за Комунален развој ,сообраќај и улици. Улицата изградена пред повеќе од 10 тина години, по стар проект, без можност за безбедни леви свртувања. Од секторот бараат решенија за да создадат безбедни услови и за возачите и за пешаците.    

 |  Валентина Неловска  | 

Булеварот Железничка е една од најфрекфентните и најопасните сообраќајници во градот. Најкритична е состојбата на оваа улица бидејќи секојдневно се случуваат сообраќајни несреќи, информира дип. инж. по сообраќај Зоран Шикалоски од Секторот за Комунален развој, сообраќај и улици. 

Улицата Железничка е изградена пред 10 и повеќе години со стар проект од 30 години без можности за леви свртувања на безбеден начин туку на самата лента се прават тие леви свртувања. Со тоа се забавува сообраќајот, се зголемува небезбедноста и се случуваат несреќи“.

Некој ќе праша зошто ако е таква состојбата не го решавате проблемот, потенцира Шикалоски. Но, она што се погрешило пред 10 -тина и повеќе години со изградбата на таква сообраќајница во тој дел од градот, без добро сообраќајно решение, ние не можеме да го средиме лесно додава Шикалоски.

„Сега ќе одиме систематски дел по дел да ги решаваме. Најпрво крстосницата со Егејска, па потоа уште една друга клучка на крајот и може во иднина да ги забраниме сите леви вртења. Претходно на возачите да им обезбедиме безбедна сообраќајница да ги вртат возилата и да ги забраниме сите леви вртења со цел да се зголеми безбедноста“.

Во моментов градот ја финишира изработката на Сообраќајната студија. Документ кој треба да ги даде насоките како да се организира сообраќајот, но и урбанистичкиот развој на градот. Шиаколски вели дека иако со студијата нема да се решат некои сообраќајни проблеми, сепак, во иднина нема да се дозволат да се создаваат проблеми ако се почитуваат насоките од стратегијата и од Секторот за Комунален развој, сообраќај и улици и од Секторот за урбанизам.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top