Бројот на грипозни во Охрид секојдневно расте

Бројот  на грипозни во Охрид секојдневно расте.

 |  Валентина Неловска  | 

Расте бројот на заболените од грип и во Охрид. Пикот на грипот вообичаено започнува пред Нова година, информираат од одделението за инфективни болести. Од таму засега немаат број колку лица се лекуваат од грип, а не е изолиран ни типот на вирус кој циркулира. Издаден им е налог за земање на  брисеви кои се дaваат на испитување во Центарот за јавно здравје кој треба да го изолира типот на вирус кој напаѓа. Во Македoнија пак преку системот „Мој термин“ во декември биле евидентирани повеќе од 7.800 лица заболени од грип и очекуваат тој број да се зголеми.
Комисијата за заразни болести одржа седница на која донесе неколку препораки. Меѓу кои и се темелна дезинфекција на сите детски градинки и училишта, како и континуирано да се одржува зголемено ниво на хигиена и почесто да се проветруваат просториите.
Комисијата даде препорака да се ограничат посетите на пациенти во болниците, како и да се изврши вонредна темелна дезинфекција во сите јавни здравствени установи каде има хоспитализирани пациенти.
Од комисијата препорачуваат и избегнување на престој во поголеми собири каде што има присуство на поголем број луѓе, како и да се одбегнува контакт со заболени лица.
Според информациите на комисијата, во училиштата и во градинките не е забележано поголемо отсуство на заболени деца, а имајќи предвид дека се наближува училишниот распуст, можноста за пренос на грипот меѓу учениците во училиштата да се намалува.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top