Богат асортиман на саден материјал во Расадникот

Ј.П.”Охридски Комуналец” врши производство и продажба на украсни дрвца, грмушки и сезонско цвеќе, изработка и изведба на хортикултурни рашенија на приватни паркови и одржување на дворни места.

 |   | 

Пролетта е период кога интензивно хортикултурно се средуваат парковите и градините. Ј.П.”Охридски Комуналец” Охрид преку Секторот за паркови и зеленило врши одржување и уредување на јавните парковски површини. Исто така врши производство и продажба на украсни дрвца, грмушки и сезонско цвеќе, изработка и изведба на хортикултурни рашенија на приватни паркови и одржување на дворни места.

Виолата (народски позната како оче) е сезонско цвеќе кое ги краси дворовите и зелените површини во периодот март-јуни, по што ќе се обнови со нова летна цветна реколта. Нашиот расадник располага со најрозновидни садници од овој цветен материјал со најразличен колорит.

Заинтересираните граѓани можат да го посетат Расадникот лоциран во близина на “Хидробиолошки Завод” каде ќе се запознаат со целиот саден асортиман со кој располагаме.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top