Блажески:Треба да платам казна за имот кој не е на мое име

Дејан Блажески претседателот на ЛДП од Охрид деновиве добил  прекршочна казна во висина од 33 000 денари од Државната комисија за спречување на корупција за непријавен имот.  Тој тврди дека неговиот имотен лист е празен, не поседувал недвижност, а нивата која според комисијата не ја пријавил, била на име на неговиот родител. Ова Блажески го смета како пресметка на власта со неистомислениците.

 |  Николоска Биљана  | 
ldp
лдп

blazeskiПродолжува тенденцијата од страна на актуелната власт за пресметка со неистомислениците, реагира  Дејан Блажески претседателот на ОО на ЛДП Охрид. Тој обвинува дека преродбата која ја ветувала ДПМНЕ во Охрид планирале да ја прават со парите од казните на опозиционерите. Додека ја очекувам судската пресуда за наводна клевета кон секретарот на општината Спасески, за што бара 300 000 денари, пред неколку дена од страна на Државната комисија за спречување на корупција, добив прекршочна казна  од 33 000 денари за непријавен имот во мојот имотен лист, кажа Блажески на денешната прес конференција. Мојот имотен лист е празен и не поседувам ниту една недвижност, тој. Имотот за кој комисијата поведува постапка бил во атарот на село Врбјани, бил наследство од неговиот покоен дедо кој бил оставен на неговиот татко и неговите браќа, појаснува Блажески.

„За жал двојниот аршин нема крај. Ако се направи обична пресметка од 33 000 денари треба да платам казна за имот кој не е на мое име, а кој не вреди ни 300 денари. За споредба на пример за 33 000 денари, Субрата Рој доби поклон 550 квадрати атрактивно земјиште покрај езерото. Едно евро по метар квадрат6ен. Или пак, ако сакате уште една паралела, направете компарација на мојот имотен лист како претседател на партија со претседателот на ДПМНЕ, Михаилов“.

blazeskiБлажески на денешната прес конференција изјави дека земјоделското земјиште во с. Врбјани, со одобрение од неговиот родител на чие име гласело, го дава на државата за да му го поклонат на  инвеститорот Субрата Рој. А тој и покрај казните рече дека нема да престане да бара одговори на низа прашања.

„Колку и да чини опозициското дејствување,  нема да престанам јавно да прашува, за приватните партнерства, за блатото, за урбанистичките планови со спорна денационализација, за наводните закани кон професорите, лекарите, пожарникарите, за празните имотни листови на млади, наспроти оние на функционерите за неаргументираните апсења, за иселувањето од Охрид, за раскрчмувањето на државното земјиште, за двојниот морал“  – вели Блажески.

Секоја казна од партиските институции ја доживувам како лична награда и награда на демократијата и градот, нагласи на крајот на денешниот прес Блажески.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top