Без проблеми се одвива вакцинацијата на вакциналниот пункт во Охрид

Досега во просек се вакцинираат околу 1500 граѓани дневно од целиот Југозападен регион. Од денес, ковид пациентите ќе се лекуваат во модуларната болница, а во нормална функција ќе  вратат болничките оддели од  Општа болница Охрид  кои беа претворени во ковид центри.   

 |  Валентина Неловска  | 

Без проблеми тече имунизацијата против ковид 19 во Охрид. Досега се вакцинирале околу 10.000 граѓани во охридскиот вакцинален пункт Билјанини извори, информира Горан Балев, директор на Општа болница Охрид. Преку пријава на апликацијата вакцинација.мк се имунизираат граѓани од Охрид, Струга, Вевчани, Кичево, Ресен, Дебар.

Нема поголеми чекања гледаме да има дистанца, растојание, вклучени се редарски служби , војска, полиција и се оди во најдобар ред. Луѓето сакаат да се вакцинираат по 1500 во просек дневно и сум задоволен како оди процесот на вакцинација. Граѓаните покажаа зрелост и свест за да се вакцинираат за да ја победиме пандемијата“. 

Досега се имунизирале различни возрасни категории на граѓани кои се пријавиле на апликацијата, од повозрасни но и помлади. Во имунизацијата се вклучени искусни мецицински лица од Здравствен дом, Општа болница, од Заводот за Кардиологија и Св. Еразмо Охрид. Граѓаните при имунизцијата поставуваат различни прашања .

„Најчесто поставувано прашање е дали смеат да пијат алкохол. Досега не сме имале ниеден несакан ефект од 10.000 вакцинирани луѓе.“

Во Општа болница Охрид се намалува и бројот на хоспитализирани лица позитивни на ковид 19. На лекување се наоѓаат околу 40 пациенти, од кои 20 се на кислородна поддршка. Од денес, пациентите ќе се лекуваат само во модуларната болница, додека другите болнички одделенија кои беа пренаменети во ковид оддели се враќаат на специјализираните болнички третмани, информира директорот Горан Балев.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top