Бетонските топки во центарот на Охрид несреќни за Стефановска

Елисавета Стефановска сопнувајќи се на една ваква препрека се здоби со скршеница и потрес на мозокот. Таа за ТВМ ја раскажа својата тажна приказна, и најави дека ќе покрене тужба до локалната самоуправа.   

 |  Татјана Маленкова  | 
Stefanoska
Стефаноска

 

топкатаСообраќајното решение со фамозните бетонски топки по кеј маршал Тито се покажа повеќе препрека отколку помош. Една ваква топка, причина 80 годишната Елисавета Стефановска,  да се сопне и да се здобие со скршеница, потрес на мозокот, удар на окото, грабнатини … Настанот се случил пред три дена на улицата која води до езерото, пред депандансот, каде поминува секојдневно.     
Стефановска раскажува дека таа и нејзината снаа  излегле да се прошетаат покрај езерото околу 08:40 часот.  Виделе дека помеѓу депандансот и хотелот Палас има рампа, но не забележале ништо друго.  Тогаш и заѕвонил телефонот на снаата, по што таа махинално се завртела на таа страна, се сопнала на бетонската топка и паднала.  Стефановска неможела да се помести, но добро се сеќава дека први напомош пристигнале минувачите, некој повикал итна помош и веднаш била пренесена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо. Таму после деталниот преглед на главата и раката и била пружена соодветната помош и дадена терапија.

Стефаноска„ Таа топка не смее да стои ако ништо друго требале да стават едно стапче што ќе означува дека тука има некоја забрана. Навистина не функционира градов.  Секаде е заградено, но не е како што треба. А дете да ја шутне топката, што ќе стане.   Зошто се случи тоа, зашто, не обранав внимание? Јас не сум свесна дека можело да се стави топка покрај ограда. Ако има рампа и чувар, барем тој да стои тука некаде, а не да се крие позади рампата“- вели Стефановска.

Таа додава дека после падот повторно кај нејзе се активирал високиот крвен притисок со што дополнително и се влошил здравстваната состојба ако се земе во предвид и тоа дека таа веќе има зад себе една операција поради срцево заболување. Стефановска е категорична дека ќе поднесе тужба до локалната самоуправа и  концесионерот на паркингот.

„Најмногу ме налути тоа што барајќи кој беше дежурен од вработените на рампата, не сакаа да ми дадат.   Јас ќе поднесам  барање за оштета против градоначалникот и сметам дека многу одлуки се незамисливо лоши. “ – завршува Стефаноска.

Од првна гледна точка, адвокатите кои ги консултиравме велат дека жената има основа за тужба, со цел да оствари надомест на штата.
Инаку бетонските топки беа поставени со одлука донсена на Седница на совет на 31  мај, како дел од решенијата за новиот режим на сообраќај. По аминит од советниците дека на Кеј Маршал Тито   динамичкиот сообраќај треба физички да се оддели од пешачката зона, стручните лица во секторот за сообраќај при локлната самоуправа го понудиле решението со бетонски топки.  Од таму пак велат дека за ваквото решение позитивно мислење дале и од СВР Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top