Балетската претстава „Палешка“ пред охриѓани

На задоволство на сите се збогатува културната понуда за најмладите.

 |  Билјана Николоска  | 
Paleshka
Paleshka

Paleshka„Виза ви“, охридското балетско студио, на сцена. Во продукција на Ц.К. „Григор Прличев“, во петок на 18 ти ноември во 18 часот, премиерно ќе се изведе детската балетска претстава „Палешка“, во кореографија на Јулија Милески. Влезот чини 100 денари. Директорката на центарот, Драгана Боцеска, е мошне задоволна од подготвеноста на младите за изведба на претставата, која е работена согласно истоимената бајка „Палешка“, наменета исклучиво за најмладата популација.

PaleshkaСредствата за обезбедување на сценографијата и амбиентот ги обезбедило Министерствот за култура, вели Боцеска. Додава дека оваа претстава е прва од ваков тип, но нема да биде единствена.
Балетското студио Виза ви, работи четири години. Во него членуваат 60 аматери, од 4 до 19 годишна возраст. Досега имаат остварено многу соработки со балетски студија во и надвор од земјава, а исто така 2 пати годишно одржуваат и концерти. Претставата „Палешка“ е прва од ваков вид а за неа издвоен е скромен буџет. Очекувањата на продуцентите се големи барем од она што досега е видено на двете изведени претпремиери пред основците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top