АТВА Хоум Центар пристигна и во Струга

АТВА Хоум Центар пристигна и во Струга. На простор од 1500 метри квадратни, на три ката можат да се најдат најразновидни производи. Купувачите се задоволни од понудата, но и од цените на производите.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Струга доби нов продажен центар. АТВА Хоум Центар пристигна и во овој град. На простор од 1500 метри квадратни, на три ката можат да се најдат најразновидни производи за домаќинството, инвентар за кујна, градина, дневна соба, постелнина, детски играчки и уште многу други артикли потребни во секојдневниот живот. Ова е прва ваква продавница во Струга, а трета од овој бренд. Ги има во Охрид, Кичево, а сега и во Струга. Овој бренд постои и успешно работи веќе 23 години. Покрај широкиот асортиман Хоум Центар се разликува од останатите продавници по добрата услуга и прифатливите цени, а секако не заостанува и по квалитетот на производите кои ги нуди. Денес стружани кои од љубопитност, кои од потреба, го посетија овој продажен простор и со задоволство коментираа дека една ваква продавница му недостигаше на градов.Тие купуваа за себе, но и за подарок за своите најблиски.

Менаџерскиот тим на АТВА Хоум Центар за во иднина најавува многубројни акции, намалувања и попусти. Продажниот центар се наоѓа на улица Маршал Тито во близина на Техно маркет.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top