Античките патеки ќе бидат достапни за туристите

Со проектот „Античка патна мрежа во Охридско – Струшкиот регион“, откриени и истражени се нови антички патни траси, кои беа познати на науката. Истите ќе бидат мапирани и вметнати во туристичката понуда на Охрид и Струга.

 |   | 

Археолозите на Галичица и Јабланица открија нови патни траси и делници од античко време, кои досега беа споменувани само во науката.

За прв пат археолошки е истражена и отворена поплочената патека во близина на локалитетот Вајтос, во струшко Октиси. Археолошки истражувања се вршеа и на делницата која од Охридско Видобишта преку врвот Скала ја поминувала планината Галичица и се спуштала во Ресенското поле и патот во должина од околу 9 км кој од Охрид се искачувал до врвот Асанџура и понатаму продолжувал кон Преспанското и Корчанското поле. Овие патеки стари илјадници години ќе бидат мапирани и достапни за туристите.

Ако зборуваме дека овде во овој регион поминувале патеки од римско време сега и туристите и посетителите да ја имаат таа можност да чекорат како што се чекорело пред 2000 години мислам дека тоа е супер приказна извонредно атрактивна – вели Аница Палацо од германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ.

Сите добиени сознанија ќе бидат детално објавени во публикацијата „Античка патна мрежа во Охридско – Струшкиот регион“, која е во фаза на изработка. Дополнително ќе бидат поставени информативни табли покрај новоткриените патишта, ќе бидат направени промотивни планинарски тури и видео материјал, со цел вклучување на античките патни траси во туристичката понуда во регионот.

Имаме 500 км обележани планински патеки за да се помине цела должина треба 20 дена ние знаеме дека тоа нема да се случи одморите се кратки но очекуваме да креираме понуда мрежа во различни пакети во зависнот од потребите. Особено за оние кои знаат да ја ценат културата ова ќе биде една супер приказна, иделна – додава Палацо.

Овој проект е финансиран преку германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, носител е алпинистичкиот клуб Патагонија – Охрид, а партнери во проектот се НУ Завод и Музеј – Охрид и ЈУ Национален парк Галичица.

 

Новинар-Соња Рилковска

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top