Алармантни деформитети кај новата генерација основци

Oткриени нови деформитети на мускулно скелетниот систем при преглед на новата генерација петтодделенци.

 |  Валентина Неловска  | 
deca
deca

Откриени нови деформитети на мускулно скелетниот систем при преглед на новата генерација петтодделенци.  Новите испитувања се поалармантни од претходните спроведени во охридските основни училишта пред 6 месеци, вели Јован Каланоски, кинезитеравпет, вклучен во проектот за откривање на деформитетите кај основците заедно со група професори по физичка култура и образование, поддржан од Локалната самоуправа. Само кај три до четири деца од секој клас не се евидентирани девијантни промени на мускулно скелетниот систем.

deca„ Има доста пораснат процент на деформитети кај децата, лесни но нешто треба да се преземи за нивно корегирање. Процентуално преку 80 посто од децата имаат  проблеми на мускулно скелетниот систем, на
рбетот, мускулите или стапалата“, укажува на алармантната состојба Каланоски.

Ваквата ситуација се должи на повеќе фактори како што се  намалена физичка активност кај децата, седење пред компјутер и телевизор, тешки училишни торби, неправилно држење на телото. Загрижува и податокот што  деформитети се забележани и кај ученици кои  посетувале различни приватни спортски школи. Тоа укажува дека не се посветува должно внимание на растот, туку во  фокусот е директната физчка активност, притоа неводејќи грижа за загревањето и истегнувањето, потенцира Каланоски, од студиото „Кинезио“.

„Јас лично сретнав неколку деца кои тврдат дека спортуваат, а кои имаат проблем со рбетот, лопатката, скратената мускулатура на нозете. Најчест проблем е кај овие деца кои спортуваат со една рака, забораваат да ја движат и другата. Оние деца пак што  трчаат имаат скратена мукулатура  веројатно од тоа што нема доволно истегнување на тренинзите, а најважното нешто  на секој тренинг е истегнувањето“, појаснува Каланоски.

Каланоски, под чиј стручен надзор вежбаат за корекција на деформитетите многу деца, упатува порака до родителите и до наставниците. Неопходна е поголема грижа за  правилно спортување на децата и посериозен  однос кон часовите по физичко. Укажува и на  потребата наставниците да ја  користат во наставата по физичко  што повеќе  корективната гимнастика за поправилен развој на децата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top