Академик Цветан Грозданов ја отвори душата

Традиционалното признание кое го доделува „Лајонс клуб – Охрид“, во рацете на академик Цветан Грозданов. „Кога ќе споменете Горна Порта за мене како историчар на Охрид помеѓу другото оваа порта има свое и историско и уметничко значење. Јас долго го проучувам Охрид, затоа што тоа ми е опсесија.

 |  Татјана Маленкова  | 
Cvetko Grozdanov
Cvetko Grozdanov

Традиционалното признание кое го доделува „Лајонс клуб – Охрид“, во рацете на академик Цветан Грозданов. „Кога ќе споменете Горна Порта за мене како историчар на Охрид помеѓу другото оваа порта има свое и историско и уметничко значење. Јас долго го проучувам Охрид, затоа што тоа ми е опсесија.
Повеќе од задоволем сум што Лајонси се сетија на мене и со оваа награда ме почестија“, изјави академик Цветан Грозданов по примањето на наградата.

„Овдека сретнав една генерација, нова генерација на млади охриѓани, интелегентни, пробивни, продорни, образовани кои ја знаат својата мисија и која ја обавуваа независно дали се адвокати и тоа така ме охрабрува и оваа извнредна музичка манифестација која зборува дека овде имаме многу богат музички живот, а јас ги паметам времињата од време на војната и после војната… Горна Порта ќе си завземе свое место во музејот на моите успони и награди“, истакна академик Цветан Грозданов.

Претседателот на Лајонс клуб Охрид, лајон Драган Спасески Охридски, истакна дека ова признание оди во вистински раце, затоа што името на академик Цветан Грозданов или само Цветан Грозданов, е име кое означува духовен идентитет на Охрид.

nagrada od Lions klub Ohrid„Таа награда кој ние му ја доделивме „Горна Порта“, тој влез од несвесното, во свесното, од темното во светлото или обострано од знаењето кон незнаењето и обратно. Цветан Грозданов е име  во светската византологија, историчар на уметност член на повеќе од пет академии во светот застапен во сите можни енциклопедии, а што се однесува до византиското сликарсво еден огромен борец за пронаоѓање на нишките на се она што духовно го поврзува Охрид со светот и влијанието на Охридската архиепископија на се сите светци не само на балканот, туку и пошироко во Европа“, истакна претседателот на Лајонс клуб Охрид, лајон Драган Спасески Охридски.  

Академик Грозданов со нас проговори и за дел од Големите имиња на охридската школа врзани за Охридката архиепископијата, за која што кажа дека е светски феномен кој малку се проучувал преку личностите од св. Климент Охридски па преку Св. Теофилак Охридски, автор на Климентовото житие. Грозданов не потсети и на 1961 год. кога во Охрид се одржал 12 меѓународен Византолошки конгрес, на кој била донесена одлука една Охридска учица да го носи името на, личноста што ја проучува цела Европа и цел свет – Теофилак Охридски, но за жал до денеска оваа одлука не се спровела.

„Тој е најголем коментатор на светото писмо. Тој живее во крајот на XI век, почеток на XII век во Охрид. Трагав по неговите портрети во средниот век во сликарството“, истакна Грозданов.

nagrada od Lions klub OhridАкадемик Грозданов откри и која е ногова моментална преокупација. Рече дека подолг период е преокупиран со фреските од црквата св. Богородица Перивлепта. Додаде дека секојдневно ги проучува фреските на кои има илјадници фигури.

„Најдов многу нови работи, најдов композиции кои не биле видени. Вас ова прв пат ви го кажувам од стариот завет, кои ми предизвикаа големи тешкотии да ги вообличам во пишуван текст. Се открива културното меѓе на охрид во касниот 13 век овде, а само пред неколку годи луѓето не ни знаеја каде е Перивлепта“, додаде Грозданов.

Академик додаде дека за кратко време ова негово истражување ќе биде напишано и издадено како негов најнов труд, кој се надева дека ќе допринесе во откривањето на многу тајни на Охрид и охридските цркви.

Академик Цветан Грозданов е историчар на средноковната и византиската уметност, а посебно историјата на уметност во Македонија  од средниот до почетокот на XX век. За својата научна работа академик Грозданов е добитник на повеќе награди во Р Македонија и надвор од државава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top