Адам и Лилит ќе запливаат во Охридското езеро.

Адам и Лилит ќе запливаат во Охридското езеро. Два црни лебеди ќе бидат новата атракција за охриѓани и гостите, но и нов испит за нивната еколошка свест. Лебедите се донесени преку Лајонс клубот „Лихнидос“ од Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во Охридското Езеро ќе запливаат два црни лебеди. Членовите на Лајонс клубот „Лихнидос“  преку својот почесен член од Белград, Србољуб Алексиќ, директор на Зоолошката градина „Бео Зоо Врт“, издејствуваа донација од зоолошката на два црни лебеди. Тие се донесени од Белград и се ставени во карантин. Денес женката која побрзо се адаптира на овдешните услови треба да биде пуштена во водите на езерото, а по некое време тоа ќе се направи и со мажјакот. Двата црни лебеди ги добија имињата Адам и Лилит.

Овааа иницијатива е со цел Охридското езеро да стане уште поатрактивно, а лебедите кои се негов украс да бидат и атракција, бидејќи само во неколку земји во светот можат да се сретнат црни лебеди, вели Зоран Тунтев редовен професор на ФТУ- Охрид и член на Клубот„ Лајонси – Лихнидос“.

Лебедите потекнуваат од Нов Зеланд и Австралија. Со белите лебеди нема да имаат никаков проблем, тврди Тунтев бидејќи уште во седумдесеттите години на ХХ век биле  донесени неколку бели и неколку црни лебеди во Охрид. Прво биле во дворот на фабриката Отекс, а потоа ги префрлиле во езеро. За жал, набргу настрадале од несовесни охриѓани.

Црните лебеди имаат одличен соживот со белите лебеди, но нивни најголем непријател им е човекот, вели Тунтев.

Ова ќе биде уште еден тест за еколошката свест на граѓаните, додава тој.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top