„Абас Емин“-многу ударни дупки, без тротоари и со чести прекопи долж целата улица

Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици велат дека се во фаза на прибирање на потребната проектна документација заедно со Министерството за транспорт и врски и ограноци на Светска банка за конечна реконструкција на оваа улица.

 |  Мишел Наумоски  | 
abas emin

Многу ударни дупки долж целата улица, без тротоари по кои би се движеле пешаците.

abas emin dupkiПоради паркираните автомобили од двете страни на коловозот, тие се приморани да се движат по самата улица. Ова е сликата на најдолгата улица во градов, улицата „Абас Емин“, слика која за жал со години наназад е непроменета. Целосната реконструкција на оваа улица во многу наврати била најавувана од повеќе локални власти низ годините, но факт е дека „Абас Емин“ нема видено поголема количина асфалт со години наназад. Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици вели дека во еден среден рок планирани се поголеми зафати на оваа улица од страна на општина Охрид. Додава дека нејзината реконструкција воедно е дел и од тригодишна развојна програма на секторот.

sanacija dupki abas emin„Она што во моментот можам да кажам дека како активност што се одвива во моментот на секторот за комунални дејности, заедно со надлежните институции по овие прашања, како што се Министерството за транспорт и врски и определени ограноци од Светска банка работат на прибирањето на целокупната потребна проектна документација за да отпочне една постапка за комплетна реконструкција на оваа улица.“-вели Танески.

И додека се прибира потребната документација и започне целосната реконструкција на „Абас Емин“, граѓаните кои живеат на оваа улица ќе мора да се задоволат со крпење на нејзините ударни дупки.

rekonstrukcija abas emin„Тече акцијата за санирање на тие дупки сеуште, на тие ударни дупки, на еден мал дел од улицата „Абас Емин“, која рековме е една од главните артерии од градот веќе е интервенирано минатата работна недела гледано од „Железничка“ кон центарот на градот, но во текот на наредните неколку денови ќе биде реагирано и на други потези од оваа улица.“-рече Танески.

Инаку, според првичните планови на локалната, предвидена била целосна реконструкција на улицата со тампонирање и асфалтирање, како и замена и изградба на потребната комунална инфраструктура. Воедно било планирано нејзината реконструкција да се финансира со кредитот од Светска банка, но Танески вели дека за овие и други детали за зафатите на „Абас Емин“ дополнително ќе информираат.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top