9 новозаболени лица од Ковид-19 во Охрид

Во текот на последните 24 часа се направени 3.045 тестирања, при што се регистрирани 329 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

 |   | 

Во текот на последните 24 часа се направени 3.045 тестирања, при што се регистрирани 329 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 178
• Велес 27
• Куманово 20
• Прилеп 16
• Штип 13
• Струмица 10
• Охрид 9
• Tетово, Пробиштип и Кочани по 8
• Битола 7
• Кочани и Гевгелија по 5
• Свети Николе 3
• Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар по 2
• Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 6 починати лица од Скопје (91, 88, 79, 78, 69 и 68 години), 3 починати лица од Велес (86, 72 и 57 години) и по едно починато лице од Прилеп (57 години), Тетово (64 години), Крива Паланка (78 години) и Куманово (74 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово, Гостивар и Демир Хисар, на возраст од 49 до 86 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Регистрирани сe 200 оздравени пациенти од:

• Скопје 103
• Куманово 15
• Битола 12
• Штип 11
• Велес и Прилеп по 9
• Крива Паланка 7
• Кичево 6
• Кочани и Свети Николе по 5
• Кавадарци 4
• Берово 3
• Радовиш, Кратово и Богданци по 2
• Пробиштип, Гевгелија, Ресен, Гостивар и Крушево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.342.870 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.091 бројката на оздравени пациенти е 183.227, на починати е 6.940, а бројот на активни случаи изнесува 6.924.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top