78-годишен Охриѓанец загина кај Свети Еразмо

78-годишен охриѓанец го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера пред манастирот Св. Еразмо.

 |   | 

Во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на магистралниот пат Подмоље-Охрид, кај Св. Еразмо животот го загуби 78-годишен охриѓанец.

На 10.07.2021 година во 14,40 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Подмоље-Охрид, пред манастирот „Св.Еразмо”, се случила сообраќајна незгода помеѓу “фолксваген голф” со охридски регистарски управуван од Љ.Г. (51) од Охрид, патничко моторно возило „ауди А4″ со охридски регистарски ознаки управувано од Е.Љ.(22) од Охрид, патничко моторно возило “фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки управувано од А.Џ.(46) од Струга и товарно моторно возило „сканија” со охридски регистарски ознаки управувано од Т.Ѓ.(38) од охридското село Вапила. Во незгодата, сопатникот од возило “фолсваген голф” Х.Г.(78) од Охрид, од здобиените повреди на пат за болницата „Св.Еразмо” починал. Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Г. а со телесни повреди се здобиле А.Џ. и Е.Љ. констатирани во болницата “Св.Еразмо”.  Увидна екипа од СВР Охрид изврши увид на местото на настанот.-се вели во соопштението од СВР Охрид.

 

фото: ТППЕ Охрид Пожарна

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top