21-ви јуни е ден на Охридското езеро

21-ви јуни се прославува како ден на Охридското езеро.

 |   | 

Охридското езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина, и го делат две држави: Македонија и Албанија.

Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство,  под заштита на УНЕСКО. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско езеро“.

Езерото покрива површина од 358,2 км2 и се протега во должина од 30,8 км, а најголемата широчина изнесува 14,8 км. Должината на брегот изнесува 87,5 км. Неговата длабочина достигнува до 289 м. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 км3. Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (2288 м), а на запад со Јабланица (2257 м).

Се наоѓа на надморска височина од 695 метри. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 на албанска и 17 на македонска територија. Најголемата должина на Охридското Езеро изнесува околу 30 километри. Неговата широчина е различна – од максимална 15 км. до средна широчина од 11 км. Најголемата длабочина од 286 метри е измерена меѓу селата Пештани и Трпејца, на околу 5 км од езерскиот брег. Средната длабочина на езерото е 151 м. За бистрата вода чија провидност изнесува и до 22 метри, што претставува вистинска реткост помагаат бројните подводни врутоци и изворите кои се наоѓаат по должината на источниот и јужниот брег.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top