21 бомба на СДСМ: параполиција во Охрид за локалните избори

СДСМ на прес конференција што се одржа во хотелот „Ривиера“ во Охрид ја објави 21вата таканаречена политичка бомба од проектот на опозицијата Вистината за Македонија.Најголем дел од нелегално прислушуваните разговори кои беа објавени се однесуваат на локалните избори 2013. Разговорите ги презентираше претседателот на охридските социјал демократи, Томислав Тунтев.

 |   | 
SDSM Bomba
SDSM Bomba

 Граѓаните на Охрид се приклучуваат на борбата за враќање на слободата, демократијата, и правдата во Македонија. Од градот бисер на балканот јавноста ќе слушне за манипулациите со вистината, и злоупотребата на медиумите од страна на власта на Никола Груевски, за парцели во Охрид кои се од интерес на функционерите на ВМРО ДПМНЕ,за фабрикувани скандали, и местенки пред локалните избори, кажа претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Томислав Тунтев. Тој денеска во хотел Ривиера ја објави 21та политичка бомба од проектот „Вистината за Македонија“.

bomba 21 Ohrid

Јавноста ќе го слушне она што охриѓани многу добро го знаат, дека за време на локалните избори 2013 год сите државни институции биле злоупотребени за партиски интереси на ВМРО ДПМНЕ. Дури биле ангажирани и параполициски структури“ – кажа Тунтев

Беа објавени 11 разговори кои според СДСМ ги потврдуваат изборните злоупотреби и изборниот криминал на ВМРО ДПМНЕ во Охрид.

Разговор помеѓу Мартин Протогер и соговорник(обезбедување на Груевски)

МП: Види аа сакав да те прашам нешто ми треба една екипа да напраиме, едно 5-6 души така здрави, шо ќе дојдет у среда Охрид со мене до крај на кампања.
С: Може да се слушнеме.
МП: Да, да јави ми се. Размисли, полиција, војска, ваму таму па јави ми.
С: Добро, добро, готово.

Разговор помеѓу Мартин Протоѓер и Гордана Јанкуловска

МП: Ја ќе одам утре за Охрид и до денот на избори ќе бидам таму.
ГЈ: Мхм.
МП: И договорив една екипа, нема да ти се допадне тебе ова, ама сакав да те замолам вака, да замижиш за ова. Значи, една екипа, 4-5 души од овдека, на Мацко брат му, такви некои, шо ќе бидат со мене таму.
ГЈ: Бараби.
МП: Да. Што ќе бидат со мене таму. Пошто ми требаат, тешки глупости има таму, плус и за нашиве да им го држат стравот, а и така, да бидат тука.
ГЈ: На Мацко брат му ќе ти направи уште потешки глупости, ама штом си го одбрал, чувај си го.
МП: Нека дојде сеа, него го познавам. Ќе го држам ја колку шо можам под вакво. Да ти пратам имиња и презимиња на луѓево шо ќе дојдат?
ГЈ: Не бе, нека шибаат, не е проблем, само нека се јават. Пошто на пример, он не е кај мене, он е у СВР.
МП: Аха.
ГЈ: Нека му каже на тој што му е шеф да не му пишува ништо, нема гајле, не е проблем.

Разговор помеѓу Мартин Протугер и Миле Јанакиески

МП: ее му ѕвонам на телефон види ако.. ај ќе ми го даеш попосле само да ти кажам нешо има една фирма Илинден, градежна фирма од Струга асфалтираат по налог на Ацо низ цел Охрид, нека запре кажи му зашо ќе му е…. мамицата кажи му…

Разговор помеѓу Мартин Протугер и Миле Јанакиески

МП: Му кажав ја на Сашо, сега зборев со него те молам јави им се на овие, овдека на началникот.
МЈ: Добро
МП: Да ги запираат сите коли, сите, претрес, кој се тие, како сте, што сте и да… значи све живо што е од МВР да излезе на улица сега.
МЈ: Аха.
МП: Ќе ни ги земат изборите пак у пет до дванајс.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер

ГЈ: Абе види, ја ти кажав. Мислам, дај Боже да победиме во Охрид, ама со таа банда таму, мислам овие, твојава банда, нема лезет у таа работа. Ништо нема да им се случи, не се секирај, ама кај ги одбра бе Мартин најголемите багабонти у МВР.
МП: Најдобрите дечки се.
ГЈ: Абе ајде, Утка кога ти е соработник, до кое дереџе сме стасале, ама нема проблем за ова.

bomba 21 Ohrid

Тунтев презентира и дел од смс комуникација наводно помеѓу министерката Јанкулоска и шефот на кабинет на премиерот, Мартин Протуѓер, која исто така се однесува на изборниот процес во Охрид.

На прес конференцијата беа објавени сет телефонски разговори меѓу, како што рече Тунтев, уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас и шефот на кабинетот на премиерот Мартин Протуѓер, во кои се слуша за „местенки и нарачки“ во провладини медиуми. Спред СДСМ дрско и без проверка на фактите со фабрикувана афера се уривал угледот на директор на средно училиште во Охрид само затоа што бил поставен од поранешниот градоначалник.

bomba 21 Ohrid

На крај на пресот беа пуштени 2 разговори од кои, според СДСМ може да се слушне како власта планирала да го затвори поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески.Тунтев ги повика граѓаните на Охрид да им се придружат на маршот на вистината. Најави дека проектот „Вистината за Македонија“ ќе продолжи се со цел, како што рече, никогаш повеќе да не се случуваат вакви работи во државата.

 

 {loadposition content9}

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top