ОК на ВМРО ДПМНЕ – Охрид со низа амандмани на буџетот за 2021 година

ОК на ВМРО ДПМНЕ -Охрид на утрешната седница на градскиот Совет ќе предложи ница амандмани на буџетот за 2021 година. Тоа се мерки кои се особено значајни за граѓаните на Охрид, кажа денеска на прес конференција партискиот портпарол Перчо Божиновски и го повика владејачкото мнозинство во советот истите да ги поддржи.

 |   | 


ОК на ВМРО ДПМНЕ преку амандмани на буџетот за 2021 година предлага низа мерки кои сметаат дека се од особено значање за граѓаните на Охрид. Денеска на прес конференција портпаролот Перчо Божиновски ги претстави амандманите кои на утрешната седница треба да се најдат пред градските советници.

„Целосно ослободување од плаќање членарина за сите деца вклучени во младинските школи и спортски клубови по претходно спроведен јавен повик од страна на општина Охрид. Целта е да се подигне свеста за спортот и неговото значење во зачувување на здравјето како и зајакнување на имунитетот особено во овие услови кога пандемијата зазема големи размери.“ – кажа Божиновски.

Освен овој предлог во контекст на здравјето намладите се и предлозите за изградба на спортски сали во с. Лескоец и во ОУ „Братство Единство‘‘ кај Крст Џамија. Другите предлог амандмани се однесуваат на комунална инфраструктура.

„Доизградба на атмосферска канализација за село Велгошти. Изградба на резервоар за вода и пумпна станица во село Ливоишта.
Изградба на резервоар за вода и пумпна станица во село Подмоље. Изградба на фекална канализација со пречистителна станица – Прва фаза за село Горно Лакочереј. Изградба на фекална канализација со пречистителна станица – Прва фаза за село Елшани.“  Санација и изградба на потпорни ѕидови во село Коњско и село Елшани.“ – наброја Божиновски. 

Божиновски го повика владејачкото мнозинство во советот да ги поддржи амандманите со што ќе покаже дека работат искрено и во интерес на Охрид и охриѓани а не за теснопартиските интереси и личните бизниси.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top