• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ја објави програмата за „Прличеви беседи – 2020“

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ја објави програмата за „Прличеви беседи – 2020“

НУ Библиотека „Григор Прличев“  127 годишнината од смртта на Патронот – поетот и преродбеник Прличев  ќе ја одбележи на 6 февруари во 13 часот.

 |   | 

НУ Библиотека „Григор Прличев“  127 годишнината од смртта на Патронот – поетот и преродбеник Прличев  ќе ја одбележи на 6 февруари во 13 часот.
Годинава  се одбележуваат два јубилеи сврзани со Прличев: 190 години од  неговото раѓање и 160 години од издавањето на  ненадминатата поема „Сердарот“.  

За животот и делото на Прличев – Вториот Хомер со свои лични навраќања  кон истражувањата на неговото творештво, нераскинливо врзано за  Охрид ќе беседи проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ.

Потоа ќе биде промовиран Каталогот на стари и ретки книги – издание на библиотеката. Промотор ќе биде Богомир Наумоски, библиотекар – советник од Струга.  

Д-р Наде Караџовска, библиотекарски советник од Прилеп ќе ја промовира книгата „Библиотеката како медиум за комуникација“ од м-р Мариче Боздоганова, библиотекар – советник, вработена во библиотеката во Охрид.

Настанот ќе биде заокружен со Прличевата визита и настапот на  Михаил и Иван Мишеви кои ќе ја изведат  Прличевата „1762 лето“.

Манифестацијата „Прличеви беседи“ библиотеката ја организира во соработка со Министерството за култура и Општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top