“Културно лето-Пештани 2019”

Проектот е од интердисциплинарен карактер каде што сите учесници (освен Танче Гроздановски кој е од Скопје )се од Пештани, односно потекнуваат од Пештани.

 |   | 

Проектот е од интердисциплинарен карактер каде што сите учесници (освен Танче Гроздановски кој е од Скопје )се од Пештани, односно потекнуваат од Пештани. Опфаќа широк спектар на разни видови на уметност како:

Музичка уметност, промоција на албумот Елегија од Горан Папаз и Танче Гроздановски
Ликовна изложба на уметнички дела од Мр Валентина Толеска и Мр Марија Мешкоска
Поезија и проза, интерпретација од страна на просветните работници( по книжевност и македонски јазик), каде ќе има и сопствени дела на учесниците:
Весна Бакулеска
Бети Симоноска
Татијана Јанеска
Сузана Коческа
Марија Раткушиновска Бимбиловски која е воедно и модератор на настанот

Наративен дел за “Пештани низ времето“каде што ќе бидат прикажани податоците за Пештани и жителите на Пештани, Обичајните норми (печалбарството, риболовот, свадбите,зминување во Армија, секојдневниот живот и сл.), сето тоа поткрепено со проекција на стари фотографии прку видео бим.- Драган Тренески

Исто така ке биде прикажан уметнички перформанс “ Биљана платно белеше“ од страна на група млади девојки и друго.

Основни цели на проектот се:

културно воздигнување на жителите на Пештани и нивно активно учество
Збогатување на културната содржина за туристите и нивно привлекување за посета и престој во Пештани и Охрид
Запознавање на младите и туристите со традиционалните вредности и обичаите во Пештани
Афирмација на Пештани и Охрид како воочи самиот настан, преку разни најави на националните и локалните медиуми, поставување на постери и делење на флаери така и по самиот настан со инсертирање на одредени содржини преку медиумите и социјалните мрежи не само во државата туку и кај нашите иселеници во странство
Поттикнување на младите во нивниот културен развој, откривање на нивните афинитети и таленти низ учество во овој проект.

Проектот “ Културно лето во Пештани“, планираме да поприми традиционален карактер, не само на локално ниво, туку со зголемување на времетраењето и учеството на други учесници да поприми републички па и интернационален карактер.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top