Од денес во Охрид Меѓународен симпозиум „Енергетика 2016“

Меѓународниот симпозиум „Енергетика 2016“ што се одржува во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија-ЗЕМАК, од денес започнува во Охрид.

 |   | 

Меѓународниот симпозиум „Енергетика 2016“ што се одржува во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија-ЗЕМАК, од денес започнува во Охрид.

На симпозиумот ќе бидат презентирани 79 авторски трудови, а на пленарните седници ќе се дискутира за енергетската стратегија на Балканот, термоелектраните, природниот гас, технологија на хидроелектрани и дигиталната опрема за управување на капацитети.

На првиот ден од Симпозиумот се предвидени две пленарни сесиии на кои видни личности, домашни и меѓународни експерти ќе дискутираат за состојбите во секторот како значаен економски фактор во Република Македонија и пошироко, во регионални и светски рамки. Најавено е учество на еминентни експерти од шест земји, Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Италија, Русија и Шведска.

Главни цели на овој меѓународен настан е да обезбеди платформа за размена на најважните информации, постигнувања и искуства помеѓу експертите од областа на енергетиката, приватни компании, истражувачки центри, универзитети и други заинтересирани страни на локално и на меѓународно ниво. Енергетската фела ќе разменува мислења околу предизвиците со кои се соочуваат енергетските субјекти, ќе ги идентификува соодветните механизми за нивно надминување. Исто така, ќе бидат презентирани и иновации во областа на енергетската ефикасност и заштита на животната средина. Ќе бидат и презентирани и нови прелиминарни анализи околу идни потенцијални енергетски проекти кои во наредниот период би се реализирале во Република Македонија.

Главен покровител на годинешниот Симпозиум е АД Електрани на Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top