КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА ”ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2016 ГОДИНА

Поаѓајќи од примарните цели и дејности на Установата – развој и поттикнување на литературното творештво, а по повод и во рамките на манифестацијата – проектот од национален интерес во областа на културата за 2017 година “Прличеви беседи”, утврден и финансиран од страна на Министерството за култура на Република Македонија, се распишува Конкурсот за избор на најдобра поема “Григор Прличев” за 2016 година. Конкурсот е анонимен, а за најдобрите три поеми предвидена е и парична награда.

 |   | 

Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 20-ти октомври 2016 година. Тематската содржина на поемата со којашто се конкурира е од слободен карактер, но притоа не смее да биде помала од 912 стихови.

За изборот односно наградата одлучува тричлено жири составено од реномирани автори од подрачјето на Општина Охрид и Република Македонија. Се повикуваат сите заинтересирани автори до испратат необјавена поема во четири шифрирани примероци на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6 000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема ‘Григор Прличев’ за 2016 година.” Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот, најдоцна до 20-ти ноември 2016 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top