• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Со грант тежок 20 милиони денари ќе се осовременуваат пумпните станици, „Метропол“, „Трпејца“ и „Љубаништа“

Со грант тежок 20 милиони денари ќе се осовременуваат пумпните станици, „Метропол“, „Трпејца“ и „Љубаништа“

Во наредниве три месеци  ќе започне реализацијата на еден огромен проект кој се однесува на промена на  сите пумпи за водоснабдување кои се поставени во пумпните станици, „Метропол“, „Трпејца“ и „Љубаништа“, а  ќе се менува и електриката.

 |   | 

Во наредниве три месеци ќе започне реализацијата на еден огромен проект кој се однесува на промена на сите пумпи за водоснабдување кои се поставени во пумпните станици, „Метропол“, „Трпејца“ и „Љубаништа“, а ќе се менува и електриката. Станува збор проект вреден 20 милиони денари, обезбедени преку грант на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, проект кој ќе го спороведе Јавното Претпријатие „Водовод“ – Охрид во соработка со општина Охрид.

Со реализирањето на проектот се очекува да се подобри водоснабдувањето и да се преполоват месечните сметки за електрична енергија на сите домаќинства кои се наоѓаат на потегот од Билјанини извори до селото Љубаништа.

По завршување на изборите ќе биде распишан тендер за набавка на нови, демонтажа на постоечките и монтажа на нови пумпи за водоснабдување.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top