• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • За празниците повеќе од 180 семејства од ранливите категории од Охрид ќе добијат хуманитарни пакети со прехранбени производи и средства за хигиена

За празниците повеќе од 180 семејства од ранливите категории од Охрид ќе добијат хуманитарни пакети со прехранбени производи и средства за хигиена

Можеби здравствената криза ќе заврши, но социјалната криза трае и истата во периодот кој ни претстои поради пандемијата ќе се продлабочи. Во пресрет на велигденските и рамазанските празници, хумани луѓе од Охрид донираа прехранбени производи и средства за хигиена за ранливите категории на граѓани.

 |   | 

Во деновите пред Велигден и Бајрам повеќе од 180 семејства од ранливите категории од Охрид благодарение на брендот „Охридски бисер Филеви“ и Лајонс Клуб „Десарети“ ќе добијат хуманитарни пакети со прехранбени производи и средства за хигиена, доволни да помогнат на едно четиричлено семејство во траење од еден месец, истакна Сашо Точко- претседател О.О. „Црвен Крст“ Охрид.

Апелирам и ги повикувам сите оние коишто имаат можност да се вклучат во „Неделата на солидарност“ која завршува овие дена, но и да изразам гордост и благодарност до сите оние коишто беа вклучени во оваа акција, каде во голем број маркети во градов беа поставени пунктови на кои нашите волонтери, заедно со вработените од маркетите и хуманите луѓе од Охрид ги собираа прехранбените производи. Дополнително, на тие 150 пакети ќе може да се направат уште триесеттина пакети кои ќе израдуваат уште педесеттина семејства“ Сашо Точко- претседател О.О. „Црвен Крст“ Охрид.

Точко објасни дека покрај основните прахранбени производи, на граѓаните од ранливите категории од нашиов град,потребни им се и средства за лична хигиена. Исто така, од охридскиот Црвен крст со помош на донации од хумани луѓе, но и со нивни средства, помогнале и со помош во набавка на лекови и суплементи за оние на кои им таа помош им била најпотребна. Но, помош сеуште е потребна, вели Михајло Филев од „Охридски бисер Филеви“.

Според верските, моралните и сите други вредности ние и оваа година, како и секогаш, согласно нашата општствена одговорност како бренд „Охридски бисер Филеви“ решивме според нашите можности да учествуваме со една помош за најранливите категории, бидејќи короната коси и имаме несогледиви економски последици, но пред се здравствени, и ги повикувам сите кои се во можност, во духот на христијанството и солидарноста, да издвојат колку можат за оние кои немаат, сите да почуствуваме од благодетот“ вели Михајло Филев од „Охридски бисер Филеви“.

Јаким Маленко од Л.К. „Десарети“ од Охрид, објасни дека и покрај тешката економска ситуација, ја следат максимата на лајонизмот да им служат на граѓаните и продолжуваат со учество во хуманитрните настани како што беше донацијата во вентили за кислород во Општа Болница од Охрид.

Одлучивме да учествуваме и во оваа хуманитарна акција со дополнителен број на хуманитарни пакети за социјално ранливите категории. Мотивот се знае, хуманоста пред се. Да бидеме хумани, да веруваме во Бога. Поводот се Велигденските и Рамазанските празници и да останеме на мисијата на лајонизмот да помогнеме онаму каде што треба да се помогне“ вели Јаким Маленко – Л.К. „Десарети“ од Охрид.

Сите граѓани кои се во можност да помогнат со прехранбени производи и средства за лична хигиена или финансиски, може да го направат тоа во просториите на О.О. „Црвен Крст“ Охрид, каде волонтерите ке им објаснат конкретно што во моментот е најпотребно, а може да се помогне и он лајн преку веб страната на Црвен Крст од Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top