• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Поради неправилности во секторот за урбанизам блокирана е изградбата на хотел вреден 11 милиони евра, обвинува сопственикот на „Зора“

Поради неправилности во секторот за урбанизам блокирана е изградбата на хотел вреден 11 милиони евра, обвинува сопственикот на „Зора“

Сопствениците на компанијата Зора и нивни вработени со протест бараат да добијат одобрение за втора фаза градба на хотелот во Св Стефан. Обвинуваат дека поради неправилности во секторот за урбанизам во општина Охрид им е стопирана инвестиција тешка 11 милиони евра и е загрозена егзистенцијата на фирмата. Прифаќаат намалување на габаритот на хотелот согласно препораките на УНЕСКО.

 |  Соња Рилковска  | 

Сопствениците на  компанијата „Зора“ од Охрид  од  денеска на протест, поради тоа што им е стопирана изградбата на хотелот во месноста Свети Стефан.  11 години се заглавени во урбанстички лавиринти. Пред три години добиле одобрение за градба, а хотелскиот комплекс е изграден  речиси една четвртина.
 Наместо да добијат одобрение за втора фаза  изградбата им е стопирана, со образложение дека  треба да чекаат нов план за просторно уредување.

„Ни се загрозува егзистенцијата на фирмата, затоа ние се одлучивме да протестираме од денеска додека се утврди правното решение што понатака. Вчера имавме состанок со градоначалникот тој предлага решенија,  но ние ќе протестираме додека се најде соодветно решение да може да продолжи градбата и понатака“ , вели Стојан Ѓоргоски сопственик на компанијата „Зора“.

Досега   во објектот вложиле 3 милиони евра, од вкупната  инвестиција од 11 милини евра. Планот е да се вработат 150 лица од регионот. Оваа домашна инвестиција сега е осудена на пропаст, заради неправилности во одделението за урбанизам, се жали Ѓорѓоски.

„Нас ни зависи егзистенцијата на фирмата од оваа инвестиција која ќе чинеше 11 милиони евра а о ена да се вработат на 150 вработени Тоа требаше да се случи но заради неправилности во работењето на секторот за урбанизам“  , додава Ѓоргоски.

Сопствениците на хотелот бараат   засебна комисија да го испита нивниот случа, бидејки како што тврдат ги имаат сите  потребни документи за реализација на инвестицијата.  Се дотогаш ќе протестраат пред општина Охрид.

„Има доста неправилности во документацијата  го повикувам ппремиерот да формира комисија и да ја испита работта “, додава Ѓорѓоски.

Семејството Ѓоргоски прифаќаат и намалување на габаритот на објектот  од П  плус 5 на П плус 3  согласно препоркаите на Унеско, но бараат да продолжи  со градба, бидејки објектот не е во заштитената зона односно се наоѓа на 100 метри од езерскиот брег. Од општина Охрид не се произнесоа со  став  за случајот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top