Хуманоста на охриѓани овој пат за Скопје

Веќе петти ден по поплавите во скопскиот регион, помошта на охриѓани продолжува да пристигнува, информираат од охридскиот Црвен Крст.

 |   | 

Веќе петти ден по немилите настани кои го зафатија регионот на Скопје, како матерјалната и финансиската помош на охриѓани, пристигнува во просториите на Општинаската Организација на Црвениот Крст во Охрид. Физчки и правни лица, сеуште несебично ја нудат и донираат својата помош, без разлика дали таа е материјална и фили финансиска.

„Можам да кажам дека одзивот е навистина голем и сосема доволен. Се јавуваат правни лица кои сакаат да донираат во поголеми количини од она што го поседуваат. Исто така секојдневно доаќаат граѓани кои прашуваат што можат да донираат, па купуваат и ќе ни гид однесат продуктите“ вели Мимоза Ставрева – секретар О.О. „Црвен Крст“ Охрид.

Граѓаните ги донираат најмногу производите чија што потреба беше и наведена во апелот објавен веднаш по настаните, а то асе конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција. Ставрева информира дека и финансиската помош не изостанува, охридѓани доаѓаат и лично во просториите на организацијата каде ја нудат својата помош.

„Отворена е жиро сметката на фондот на солидарност на Ц.К на РМ , исто така телефонските броеви, и жиросметката за донација во странска валута за други земји за кои наши сограѓани кои живеат во други земји се јавуваат за да ја добијат жиросметката, меѓутоа изненадени сме што доаѓаат и во нашите простории, граѓани кои сакаат да донираат, пензионерите кои можат да издвојат 100, 200 денари од својата пензија“ обасјнува Ставрева.

Инаку донациите се складираат во магацинот на Црвениот крст и по дојавената потреба од Црвен Крст на РМ дека има потреба од Охридскиот црвен крст ќе го организираат транспортот и робата ќе биде доставена до соотвено место. Веќе од понеделник, волонтери од црвениот крст од Охрид заминуваат во Скопје, каде ќе помагаат во дистрибуцијата на помошта. Од општинаската организација информираат дека им погонале на претставниците од акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ кои заминаа за погодените подраќја во скопско, со средства за лична заштита и сретства за лична хигиена, а исто така се во постојана комуникација со Републичкиот Срвен Крст. Сите вие кои сакате да помогнете, а не сте го направиле тоа можете своите донации да ги доставите во просториите на охридскиот Црвен крсте на улица „Димитар Влахов“ 52, наспроти гимназијата, секој ден од 08:00 до 20 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top