• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Работна средба помеѓу градоначалникот Бакрачески и германската амбасадорка Алтхаузер

Работна средба помеѓу градоначалникот Бакрачески и германската амбасадорка Алтхаузер

Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески и Кристине Алтхаузер германската амбасадорка во Р. Македонија  имаа работна средба. Средбата се одвиваше во насока на унапредување на досегашната плодна соработка. Предмет на разговар биле соработките во  голем број области почнувајќи од туризмот, културата, стопанството.

 |  Валентина Неловска  | 

Кристине Алтхаузер , германската амбасадрока во РМ на покана од охридскиот градоначалник Никола Бакрачески денес беше во работна посета  на охридската локална самоуправа. Амбсадорката  и градоначаланикот разговараа за  продлабочување на досегашната успешна соработка. Градоначалникот се заблагодари за досегашната соработк аиподдршк ана геманскат амбасада за развој на општина Охрид. При тоа наведе  проекти кои досега се реализирани или се во тек за имплементација во општина  Охрид со поддршка на германската  амбасада. Разговарано е и за соработки и на други полиња, размена на студенти,  изработка на репортажи за афирмација на охридскиот туризм,  збратимување со германски град.

„Секако и други полиња кои можат да се арзвиваат со заедничка соработка и помош за реализација како што се курсеви по германски јазик за туристичките работници, хотелиери и угостители кои би биле од особено значење за подигање на квалитетот  на услугите во туризмот за гостите кои доѓаат од германското говорно подрачје“, истакна Бакрачески.
 
Амбасадорката Алтхаузер ја потврди добрата соработка со општина Охрид.  

„Туризмот не е единствен нешто што  Охрид може да гопонуди. Присуствував на отварањето на Фестивалот Охридско лето, градот има извонредно  културно наследство а  го има и Унеско“, истакна Алтхаузер .  

Во општина  Охрид со помош на германска донација е реконструирана каптажата и резервоарот за водоснабдување  во МЗ Куратица, а во тек е реализација на проектот за  реконструкција и проширување на детското игралиште кај мостот Студенчишта, како и германската инвестиција на  фабриката  ODW.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top