Претседателот на СДСМ Зоран Заев во посета на Охрид

Тој посочи дека за жал Охрид останува  еден од градовите во Македонија во кој има најголема миграција.

 |   | 

„Охрид е заборавен и оставен на времето. За дест години власта со полна уста заборуваше за Охрид но многу малку се направи за Охрид“, изјави при својата посета претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој посочи дека Охрид мора да добие сериозна важност. Во разговорите остварени со младите луѓе потенцирана е дирекната економска помош која мора да ја добијат за да останат и творат во својот град.

„За жал,Охрид е еден од градовите во македонија во кој има најголема миграција. Само во последните десетина година заминати се повеќе од 7600. Половина од оние кои се заминати во последната година се од Охрид тоа само по себе кажува колку е лоша економската состојба на охриѓани “ се осврна Заев.

Во насока на подобрување на квалитетот на живеење во Охрид, Заев посочи дека се она што ќе значи подршка за нови апартмани, за нови уготителски објекти и ресторани, хотели и мотели за се она што младите ќе одлучат да прават, државата во иднина ќе дава конкретна поддршка.

„Преку бизнис инкубаторите со 10.000 евра, 140.000 000 евра дирекна подршка во малите и средните претпријатија, секој оној млад човек кој ќе создаде претпријатие ќе добие дирекно ослободување од давачките од државата“ вети претседателот на СДСМ.

Заев потенцираше дека мора да се даде приритет на подршката на домашното стопанство за сметка на странските инвестиции. Посочи дека Охрид како туристички центар мора инфраструктурно да биде поврзан со останатите региони, со ветување дека во иднина интензивно ќе се работи на завршување на започнатите проекти. Покрај тоа претседателот на СДСМ го критикуваше доценењето на реализиацијата на проектите за изградба на покриениот базен, градскиот пазар и автобуската станица. Заев во рамките на својата посета оствари средба со жителите на Пештани како и со претставници на неколку граѓански здруженија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top