Охрид сеуште е расадник на талентирани млади пливачи

Ана, Петар и Владимир сите членови на пливачкиот клуб „Охридски бранови“ се само неколку од големиот број деца на кои несомнено пливањето им е во крвта

 |   | 

Ана, Петар и Владимир сите членови на пливачкиот клу „Охридски бранови“ се само неколку од големиот број деца на кои несомнено пливањето им е во крвта. Неодамна сите тројца учествуваа на „Илинденскиот пливачки маратон“ на кој постигнаа одлични резултати со само неколку неделни интензивни тренинзи. Владимир Вељаноски, кој 4 години е член на ПК „Охридски бранови“ кај тренерот Ристе Јанкоски, годинава прв пат учестуваше на малиот пливачки маратон. Владимир планира сериозно да продолжи да се занимава со овој спорт, а негова најголема желба е изградбата на затворениот пливачки базен.

„Ако го имаме затворениот базен кој се најавува века во 2017-та ќе биде завршен и пуштен во употреба ќе може да конкурираме за првите и тоа ќе значи успех дека сме постигнале успех од Охрид, дека овие години на маратонот успеваат деца од другите градови каде има затворени базени, со базенот ќе можеме да учествуваме на државни натпревари на кратки стази“ вели Владимир.

Водени единствено од огромната љубов кон пливањето, со тренинзи кои се бројат во денови, не месеци, овие млади ентузијасти не се откажуваат од својот сон. Младата Ана Бошалеска, исто членка на ПК „Охридски бранови“, со пливање се занимава само оваа година, поточно само еден месец. Без посебни подготовки Ана дури два пати ја исплива патеката од малиот маратон, еднаш за да провери дали е подготвена, а вториот пат на самиот маратон.

„За маратонот испадна се како што очекував, најтешкиот дел од патеката беше кога ја гледав целта и брзав за да стигнам. Јас сум презадоволна, бидејќи оваа година целта ми беше само да го испливам, а не резултат, а другата година ако се пријавам повторно, ќе се обидам и за резултат“ објаснува Ана.

За нејзиниот помал брат, Петар Бошаелски, чијашто прва и единствена спортска љубов е кошарката, вистински предизвик било учеството на маратонот. Друга причина за учеството била намерата да ги мотивира своите другари и тие да се занимаваат со пливање. Но Петар, знае дека неговата најголема љубов останува кошарката.

„Знам, тоа го откри мојот татко, го наследувам неговиот спорт и веќе осум години тренирам како што кажав, пливањето ми останува како хоби, пливам за да докажам дека и други деца можат да го испливаат маратонот, не само јас“ вели Петар.

Овие млади спортски таленти имаат една заедничка желба, да добијат затворен пливачки базен. А сите ние се надеваме дека неговата најавена изградба кога ќе се реализира, повторно ќе ги заживее спортовите на вода по кои Охрид беше препознатлив, а со тоа ќе може значително да се инвестира во пливањето и ватерполото кое се спортови со долга традиција во нашиот град.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top