Македонија, во друштво на најтоксичните земји

Македонија е на 17 место најзагадени земји, според извештајот на светската органзиација Еко – експертс,во однос на загаденоста на воздухот во светски рамки.

 |   | 

Македонија е на 17 место најзагадени земји, според извештајот на светската органзиација Еко – експертс,во однос на загаденоста на воздухот во светски рамки.

Мапата на британските еколози е изработена врз основа на неколку фактори, вклучувајќи го бројот на смртни случаеви од аерозагадувањето и емисијата на јаглеород диоксид.

Истражувањето опфатило 135 држави, а според британските еколози, најзагаден е воздухот во Саудиска Арабија, а следуваат Кувајт и Катар. Кога станува збор за нашата земја, Македонија се наоѓа на алармантното 17-то место.

Тоа го потврдуваат и денешните мерења на индесот на загаденост од Министерството за животна средина кои покажаа многу високо загадување, на некои места и седум пати над дозволеното. Пулмолозите велат дека оваа ситуација го загрозува здравјето и може да предизвика сериозни заболувања.

Според Институтот за јавно здравје, во Македонија годишно од загаден воздух умираат 1.300 лица. Инаку, додека индексот на загадување овој период расте, опаѓа активноста на грипот. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје изминатата недела за двојно се намалил бројот на заболени од грип.

За една недела биле регистирани 1.199 новозаболени од грип, за споредба во средината на декември кога за една недела беа регистирани околу 4.200 заблени. Вкупниот број на заболени лица од грип оваа сезона достигна 32.931 заболен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top